„Што се буните? Седиш во хотел, јадеш храна од пет ѕвезди и играш кошарка„

„Балонот“ во Орландо донесе ново искуство за кошаркарите во најдобрата лига во светот. Раководството на НБА лигата вложи милиони за најдобра акомодација на кошаркарите во „светот на Дизни“, кои сепак не беа задоволни од условите и храната која им беше доделена.

Состојбата во која се затекнаа НБА играчите е далеку од онаа во која се наоѓа Евролигата, па свој осврт на состојбата даде Крис Синглтон, Американецот кој на почетокот на кариерата ги бранеше боите на Башингтон Визардс, од 2015 година брои настапи на европско тло, а во моментот игра за тимот на Анадолу Ефес.

„Мислам дека е и навредливо тоа што некои од луѓето во НБА лигата го коментираа за време на „балонот“. Кога читаш и согледуваш на тоа какви навистина беа условите таму е како, „навистина не знаете за што се буните“. Единствено што треба да правиш е да бидеш на едно место три месеци, играш кошарка секој втор ден, и притоа добиваш храна од хотел со пет ѕвезди. Разбирам дека играчите не беа во можност да ги видат своите семејства, ги разбирам, но доколку се жалат за тоа, едноставно не можам да ги замислам да отидат во странство и да играат таму десет месеци. Па тоа би било и „реалити-шоу“ – изјави Синглтон за „Космот ТВ“.

Се вчитува...