„Синиот“ дел од Рим со двојна причина за радост

Навивачите на Лацио имаат двојна причина за радост и задоволство откако нивниот клуб денеска објави дека се потпишани нови договори со двајцата најдобри фудбалери, Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Двајцата асови според овие договори ќе останат во Рим до 2023 година, иако се очекува во текот на следното лето Милинковиќ – Савиќ повторно да биде цел на европските гиганти, па во случај на добра понуда може да се случи Србинот да си замине од „Олимпико“.

И Имобиле и Милинковиќ – Савиќ со овие договори ќе заработуваат по три милиони евра по сезона, што е највисока плата во Лацио откако Клаудио Лотито е претседател на овој клуб.

„Јас отсекогаш велев дека сакам да останам. Се заблагодарив на претседателот, на моите агенти… среќен сум што останувам дел од ова семејство“ – истакна Имобиле по потписот на договорот.

Се вчитува...