Синот на Дејвид Бекам потпиша договор со англиски Премиерлигаш (ВИДЕО)

Синот на славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, Ромео Бекам потпиша за Б тимот на Брентфорд, за кој минатата полусезона настапуваше како позајмен играч, објавија од клубот.

Бекам минатата година играше за Б тимот на Брентфорд како позајмен од Мајами, американскиот фудбалски клуб во кој косопственик е неговиот татко.

Бекам оваа сезона го освои Купот на Премиер-лигата со Брентфорд, натпреварување организирано од Премиер-лигата за играчи до 21 година.

 

Се вчитува...