Синот на Леброн Џејмс повикан во репрезентација

Бруни Џејмс, синот на најдобриот стрелец во НБА Леброн Џејмс, е повикан во амеирканската репрезентација која ќе игра на „Најк Хуп“ самит, елитен кошаркарски настан на кој ќе учествуваат најдобрите млади играчи во светот.

На страницата на американскиот кошаркарски сојуз, излезе списокот на 13 кошаркари кои ќе ги претставуваат САД и ќе играат против У-19 репрезентации на Европа и остатокот од Светот.

Синот на Леброн во моментов е средношколец, а според ЕСПН 28-ми најдобар средношколски играч во САД. И натаму не одлучил на кој универзитет ќе оди, а овој самит ќе му помогне да добие подобри понуди, а се очекува да тргне по стапките на татко му и да заигра еден ден во НБА.

Се вчитува...