Синот на Шекил О’Нил, 18-годишниот Шариф О’Нил важи за еден од најголемите таленти во американската кошарка, но сега постојат сериозни сомнежи дали тој воопшто ќе може да се занимава професионално со овој спорт откако му беше утврден срцев проблем што ќе мора да се реши со операција. Шариф требаше да почне со настапи за престижниот Универзитет УЦЛА, но сега ќе мора најмалку една година да паузира од терените.
„Откриен ми е сериозен проблем со срцето, секоја секунда на теренот би можела да ми биде последна. Нема да бидам во можност да играм кошарка, но убеден сум дека ќе се вратам. Ова е мал чекор наназад на мојот пат, нешто што морам да го пребродам. Здравјето сепак е најважно од се“ – изјави Шариф О’Нил.
Хируршкиот зафат врз синот на легендата на НБА-лигата ќе биде извршен во следните неколку дена, по што се очекува со изјави да се јават и медицинските лица, да откријат какви се шансите Шариф О’Нил професионално да заигра кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА