Еден американски средношколски тим од Санта Моника преивлекува посебно внимание пред стартот на новата сезона. Кошаркарскиот тим на училиштето Кросроуд од овој град во својот состав има двајца наследници на најголемите ѕвезди во НБА на сите времиња – синовите на Шекил О’Нил и на Леброн Џејмс.
Шакир О’Нил, 15-годишниот син на легендарниот Шекил О’Нил доби друштво од 14-годишниот Леброн Јуниор и тие двајца ќе го предводат тимот во наредната сезона.
И на двајцата синови на славните татковици им предвидуваат блескава кариера затоа што се работи за исклучително талентирани млади кошаркари. Но, и на двајцата сигурно ќе им биде тешко да ја достигнат славата што ја имаа нивните татковци кои со децении доминираа во најсилната лига во светот.
Шакир О’Нил ќе има и дополнителна помош бидејќи ќе го тренира легендарниот Коби Брајант. Додека Леброн Џејмс е познат по тоа што многу работи со своите синови и максимално ги поддржува во градењето на кошаркарските кариери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА