Синовите на Шек и Пипен ќе играат за Лејкерс

Лос Анџелес лејкерс се одлучија во своите редови на НБА драфтот да ги земат синовите на поранешните кошаркари, Шекил О’Нил и Скоти Пипен. Иако двајцата кошаркари не беа избрани на драфтот, по неговото завршување лејкерс се одлучија да ги потпишат Шариф О’Нил и Скоти Пипен џуниор како слободно агенти.

На Пипен му дадоа двосмерен договор, што значи дека планираат да го задржат и во поширокиот ростер за следната сезона. О’Нил засега доби договор само за летната лига на која ќе има шанса да покаже дали заслужува да биде дел и од НБА.

 

 

Се вчитува...