Сите бизниси на Роналдо, од трансплантација на коса до контроверзни партнерства!

Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Португалија, Кристијано Роналдо е познат и по своите инвестиции надвор фудбалската кариера, кои одлучи да ги прошири насекаде низ светот. Роналдо заработува вртоглави суми пари што не се поврзани со спортот, благодарение на маркетиншкиот потенцијал и базата што ја изгради низ годините преку фудбалот.

Португалецот изгради вистинска империја, благодарение на фактот дека КР7 е бренд сам по себе. Тука, најважно за него беше да се опкружи со вистински и способни луѓе, на кои ќе им укаже доверба да се справат со проекти за кои тој нема време, поради големите спортски обврски.

Роналдо се смета за неверојатно посветен спортист, тој инвестираше максимално и паметно во себе со текот на годините, така што како млад фудбалер ангажираше индивидуални тренери, нутриционисти и се грижеше за неговата исхрана, тренинзи и превенција од повреди. Затоа Кристијано изгледа како машина дури и во доцните години од неговата кариера. Иако Роналдо, Конор Мекгрегор и Лионел Меси често се менуваат на списоците на најбогатите, Португалецот ја создаде најголемата инвестициска мрежа.

КЛИНИКА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА

 

 

Роналдо неодамна отвори нова клиника во Марбела на површина од 4.000 квадратни метри, се започна во 2019 година во Мадрид, кога направи пионерски проект во овој бизнис. Дека тој работи добро, говори и фактот дека Португалецот сега има 10 такви капацитети низ целиот свет, а допрва размислува и да го прошири својот бизнис во овој сегмент. Кај него доаѓаат бројни спортисти, како Роберт Пирес, Босингва и други поранешни и активни играчи, бизнисот го води неговата вереница Георгина.

МОДНИ БРЕНДОВИ

Португалскиот напаѓач има своја линија на долна облека, како и тексас, па тие се нудат на пазарот со неговиот заштитен знак. Иницијалите и бројот седум му донесоа многу пари надвор од спортот. Во бизнисот со долна облека, продажба на чанти и тренерки, Роналдо забележа мал пад во продажбата откако се пресели во Јувентус, но сега може да го подобри бизнисот со враќањето во Манчестер Јунајтед, каде што има стара база на фанови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ХОТЕЛИ

Роналдо инвестираше во бројни хотели и има удел во Мадрид, Лисабон и неговиот роден Фуншал. Тој ангажираше луѓе да го прошират бизнисот во овој сектор во Њујорк, Маракеш, Париз и Манчестер. Сега се врати во Англија, па ќе има време да види како се се одвива на лице место.

СПОНЗОРИ И ДРУГИ БИЗНИС

Роналдо има партнери како „Епл“ и „Фолксваген“, во текот на целата кариера оствари соработка и со производители на часовници и спортска опрема, тој е заштитно лице на „Најк“, со кого има „доживотен договор“ вреден милијарда евра. КР7, исто така, инвестираше пари и за купување на една авиокомпанија, бизнис проект кој нуди изнајмување на авиони.

ИНСТАГРАМ

Самата социјална мрежа е многу моќна алатка од која Португалецот инкасира „мега“ пари. Според истражувањето на социјалните мрежи направено од „Hopper HQ“, додека Роналдо беше напаѓач на Јувентус, Португалецот заработувал повеќе од 43 милиони евра годишно од објавите на Инстаграм, што е повеќе од 880.000 евра по секоја објава. Од друга страна, во истиот период од играњето фудбал во дресот на клубот од Торино, Португалецот забележа приход од 30 милиони европски банкноти. На второ место по заработка од Инстаграм беше Бразилецот Нејмар со 670.000 евра по објава, додека Лионел Меси е на третото место со 600.000 евра по реклама на Инстаграм.

НОВО ПРЕТПРИЈАТИЕ – ПАРТНЕРСТВО СО СОПСТВЕНИКОТ НА ВАЛЕНСИЈА

Роналдо и Петер Лим, сопственикот на ФК Валенсија, ќе бидат сопственици на платформата „ZujuGP“. Тоа е страница која треба да биде место каде што ќе се сретнат фудбалот, технологијата и комуникацијата, а Роналдо очекува дека преку оваа платформа ќе следи револуција.

„Никогаш повеќе нема да гледате фудбал на ист начин. Регистрирајте се и започнете го вашето патување со нас“, напиша Португалецот.

Патем, Патер Лим е сопственик на Валенсија, а воедно има ко-сопственост во Мекларен до хотелот на „Олд Трафорд“. Тој не е миленик ниту на навивачите на шпанскиот клуб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...