Сите двојки за ЛШ: Партизан со Олимпијакос, Ријека оди на Салцбург

По завршувањето на вечерашните квалификациско средби од второто коло, веќе се познати сите двојки од третата квалификациска рунда за влез во Лигата на шампионите.

Како што е веќе добро познато, Вардар по елиминацијата на Малме за следен противник ќе го има данскиот првак ФЦ Копенхаген, а најинтересни во регионот ќе бидат дуелите меѓу Партизан и Олимпијакос, како и пресметките на Ријека и Салцбург.

Од делот на „патот на нешампионите“, ЦСКА Москва ќе се сретне со грчки АЕК, додека Ница по ланската одлична сезона во Франција нема да има нималку лесна задача против Ајакс, тимот што лани дотурка до финалето од Лигата на Европа.

ДВОЈКИ ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Славија Прага – БАТЕ Борисов

Астана – Легија

Марибор – Хафнарфјордур

Копенхаген – Вардар

Селтик – Розенборг

Хапоел Бер Шева – Лудогорец

Витролул – АПОЕЛ

Салцбург – Ријека

Карабаг – Шериф

Партизан – Олимпијакос

Стеауа – Плзењ

Ница – Ајакс

Динамо Киев – Јанг бојс

АЕК – ЦСКА Москва

Бриж – Башакшехир

Се вчитува...