Сите кандидати за „големо трио“ во Лос Анџелес

Походот по 18. титула во НБА Лигата, Лејкерс ќе го започнат засилени уште една супер-ѕвезда, но останува отворено прашањето за кој играч ќе им се придружи на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Едно од најголемите имиња кое се споменува е Крис Пол. 10-кратниот Ол-Стар играч би бил одлично засилување за Лејкерс доколку се земе во обзир слабоста на бековските позиции, но како што пренесува ЕСПН, 35-годишниот Пол не е заинтересиран за премин во Лос Анџелес, бидејќи Лејкерс се оние кои би му помогнале него да освои прстен, а не обратно.

Во Лејкерс би можел да заврши и Расел Вестбрук. Бекот веќе го изрази своето незадоволство со Хјустон, сака да замине од Тексас, но бара клуб каде би ја повторил славата од Оклахома, каде во просек бележеше трипл-дабл учинок. Таков тим не е Лејкерс, па и овој трејд останува под знак прашање.

Најдобра опција е Демар Дерозан. Играчот кој голем дел од својата кариера ја помина во Торонто, во 2018 година беше трејдуван во Сан Антонио, меѓутоа 31-годишникот нема што да понуди на младиот тим на Грег Попович. Во спротивна насока би заминале Кајл Кузма и Дени Грин, играчи кои му се неопходни на петкратниот НБА шампион, а Лејкерс би добиле играч каков што им е потребен. Џејмс и Дејвис ќе останат првите имиња во составот, додека Дерозан ќе биде одлична замена за Џејмс, кој во новата сезона ќе го предводи тимот од „Ел-Еј“ со 36 години.

Се вчитува...