Сите математики за пласман на Аргентина на СП

 

Аргентинците значително си ја искомпликуваа задачата за пласман на СП во Русија, откако на синоќешниот дуел на домашен терен одиграа само 0-0 против Перу, пропуштајќи идеална можност да го прескокнат овој ривал на табелата. За нивна среќа, Колумбија неочекувано загуби дома од Парагвај, па сега Колумбијците во последното коло ќе се борат со Пери за мундијалска виза, оставајќи можност „гаучосите“ да прескокнат најмалку една од овие две селекции на табелата.

Според пропозициите, во случај две селекции да имаат ист број на бодови, во предвид најпрвин се гледа вкупната гол-разлика, потоа повеќе постигнати погодоци, а дури на крајот резултатите од меѓусебните дуели.

Едно е јасно, Аргентина со победа во Еквадор сигурно се пласира на едно од првите пет места на табелата, но еве ги сите можнио варијанти за пласман на „гаучосите“ на СП.

1. Ако Аргентина слави во Еквадор, за директен пласман на СП ( пласман најмалку на четвртото место) треба да се случи најмалку една од следниве работи.

  • Реми на дуелот Перу – Колумбија
  • Перу да победи со помала гол-разлика од онаа што Аргентина би победила против Еквадор.
  • Чиле да не триумфира во Бразил.

2. Со реми во Еквадор ситуацијата значително се менува, па „гаучосите“ можат да стигнат до петтото место со исполнување на два од следните три услови:

  • Перу да загуби дома од Колумбија.
  • Парагвај да не победи дома против веќе елиминираната Венецуела.
  • Чиле да загуби од Бразил со повеќе од еден гол разлика.

3. Дури и со пораз Аргентина има надеж за искачување на петтото место и пласман во баражот, но за тоа да се случи ќе треба:

  • Перу да загуби од Колумбија со поголема разлика од поразот на Аргентина.
  • Парагвај да не победи против Венецуела.

  • TABELA LATINO.JPG
  • POSLEDNO KOLO LATINO.JPG

Се вчитува...