Сите му се смееја на Манчестер Јунајтед ама со рекламата за „нудли“ си ја спаси кожата

Исклучително доходовните маркетиншки договори се спасителот на Манчестер Јунајтед во тешкиот период на кризата поради коронавирусот. Извршниот директор, Ед Вудворд од доаѓањето во 2005 година има политика на маркетиншки соработки кои често предизвикуваа потсмев во Англија. Број еден во ова е таканаречниот „договор за нудли“ за азискиот пазар вреден дури 173 милиони фунти.

Tокму тој договор и сличните на него сега придонесуваат Јунајтед да се носи добро со кризата. Стратегија на клубот се вакви маркетиншки соработки со азиските партнери на континентот каде што „ѓаволите“ се особено популарни.

Манчестер Јуанјтед има околу 900 вработени и засега не најавува намалување на оваа бројка или испраќање на дел од вработените на привремен одмор. Официјално клубот не ја исклучува и оваа можност, а од „Олд Трафорд“ чекаат и каков ќе биде договорот околу евентуалното намалување плати на играчите.

Сепак информациите велат дека Манчестер Јуанјтед е клубот кој во моментов има најмалку финансиски проблеми затоа што не зависи единствено од парите од ТВ правата и од заработката на денот на натпреварите.

Се вчитува...