Сите погледи вперени кон Астон Вила, Џерард може да му ја донесе титулата на Ливерпул!

Вчерашното реми на Манчестер Сити на гостувањето кај Вест Хем, ги врати надежите на Ливерпул дека можат да ја освојат титулата во Премиер-лигата, а за тоа голем удел треба да има нивната „икона“, Стивен Џерард.

Ливерпул веќе утре му гостува на Саутемптон и доколку победи ќе дојде на само еден бод до Манчестер Сити, а тоа ќе значи дека титулата ќе се одлучува во последното коло. Според програмата, Ливерпул тогаш го пречекува Вулвс, а Манчестер Сити ќе биде домаќин на Астон Вила.

За Ливерпул да биде шампион до крајот ќе мора да ги победи Саутемптон и Вулвс, а Манчестер Сити не смее да триумфира против Астон Вила, тим предводен од Стивен Џерард, па неговите мотиви да остане непоразен кај Манчестер Сити ќе бидат посебно големи. Тој ќе има шанса да му ја донесе титулата на Ливерпул каде има статус на легенда.

Се вчитува...