„Сите во репрезентацијата сме заменливи… Мора да мислиме и на тоа што после нас“

Македонија ремизираше 1-1 со Финска во контролен натпревар одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот по мечот изјави дека секој е заменлив, па дури и тој, но мора да размислуваме на иднината…

„Сите во стручниот штаб и во репрезентацијата сме заменливи. Затоа мораме да мислиме и на иднината и да им се дава шанса и на младите. Затоа јас сум тука да им давам шанса на сите што ќе заслужат. Не барав резултати во Лигата на нации и затоа вклучив осум/девет нови играчи. Изборот ни е сведен на минимум и тие ни се најдобрите кои што ги имаме“, вели Милевски. 

Се вчитува...