Манчестер Сити е блиску до финансиски договор со Челси што ќе им овозможи да го назначат Енцо Мареска за главен тренер, објави „Гардијан“.
Лондонскиот клуб бара обештетување од Сити за Мареска. Челси верува дека има докази за прекршување на договорот од страна на Италијанецот. Клубот верува дека Мареска бил во преговори со Манчестер Сити додека беше менаџер на Челси минатата сезона.
Извори од Челси тврдат дека клубот има доволно докази за да поднесе тужба против Манчестер Сити во Премиер лигата поради наводен нелегален контакт со Мареска. Сепак, Лондончани немаат намера да го сторат тоа и продолжуваат со преговорите со Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
