Сити до триумф во последен миг, Ливерпул и Евертон убедливи

Манчестер сити успеа да ја продолжи победничката низа во Премиер – лигата, откако славеше со 2-1 на „Етихад“ против Саутемптон, и тоа во супер-драматична завршница. Рахим Стерлинг во шестата минута од судиското продолжение го постигна победничкиот гол.

Претходно, Де Бруин донесе водство во 47.минута, а Ориол Ромеу во 75.минута го израмни резултатот.

Ливерпул беше убедлив на гости против Стоук, победувајќи со 0-3. Садио Мане беше стрелец на првиот гол за „црвените“, а потоа Мохамед Салах во финишот уште два пати ја погоди мрежата на домаќините.

Вејн Руни со хет – трик тргна да спасува Евертон од опасната зона, а му се придружи со гол и Ешли Вилијамс за убедливи 4-0 против Вест Хем.

Се вчитува...