Сити договори уште еден играч на Монако: Менди за 40 милиони фунти доаѓа на „Етихад“

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити агресивно влезе во летниот преоден рок, и веќе ангажира тројца нови фудбалери. По Бернардо Силва и голманот Едерсон, трето засилување за „граѓаните“ е Бенџамин Менди, левиот бек на Монако. Очигледно дека менаџерот Пеп Гвардиола е воодушевен од игрите на „кнезовите“ во изминатата сезона, па побрза да купи дел од фудбалерите на овој тим.

Манчестер сити и Монако ги договориле условите за трансферот. Раководството на англискиот клуб ќе исплати отштета од 40 милиони фунти, а Менди ќе потшише четиригодишен договор, со неделна плата од 100.000 фунти. Официјалната промоција на Менди треба да се случи откако ќе му завршат репрезентативните обврски во селекцијата на Франција.

Се вчитува...