Сити е пеницилин за лондонските клубови во ФА Купот

Манчестер Сити ја мина и втората пречка во ФА Купот на Англија, повторно дерби дуел против ривал од Лондон што тимот на Пеп Гвардиола успеа да го добие. Арсенал беше вечерашниот ривал на „граѓаните“, па иако „топчиите“ многу поскапо си ја продадоа кожата отколку што тоа беше случај со Челси пред петнаесетина дена, Манчестер Сити сепак најде начин да победи со минимални 1-0.

„Топчиите“ имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличната шанса што ја имаше новото засилување Тросар во првото полувреме, кога голманот Ортега со крајни напори спречи топката да не заврши во мрежата на Сити.

Гостите стравуваа од Халанд и Де Бруине, но на крајот им пресуди дефанзивецот Аке, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот, откако претходно ударот на Алварез од дваесетина метри заврши во дирекот од голот на Арсенал.

Се вчитува...