Сити го купи стоперот Рубен Диас за 50 милиони евра плус Отаменди

Манчестер сити и официјално го купи централниот дефанзивец на Бенфика, Рубен Диас, пренесуваат португалските медиуми.

Според договорот, Сити ќе плати отштета од 50 милиони евра, плус 15 милиони евра преку бонуси, а во Лисабон ќе се пресели и стоперот Николас Отаменди.

„Граѓаните“ истата понуда ја испратија и до Севилја за Коунде но беше одбиена. Претходно, на сличен начин, Сити беше одбиен и за Кулибали од Наполи.

Се вчитува...