Сити го наградува Фоден со нов договор и четири пати поголема плата

Манчестер сити планира да го награди Фил Фоден, па со нов договор сака уште долго да го гледа овој млад фудбалер во својот тим, па веќе се и започнати преговорите со неговиот агент за продолжување на соработката.

Наводно Сити подготвува шестгодишен договор вреден 150.000 фунти неделно, што значи дека Фоден ќе добие четири пати повеќе од она што моментално го заработува на „Итихад“.

Крилниот напаѓач целата своја кариера ја игра во Сити, клуб на кој му се приклучи уште во 2009 година. Веќе пет сезони е дел од првиот тим иако има само 21 година. Лани одигра 28 натпревари во Премиерлигата и постигна девет голови, а вкупно имаше 50 настапи во сите конкуренции.

Се вчитува...