Сити го освои „Олд трафорд“: Заврши ли шампионската трка во Премиер – лигата?

Манчестер сити дојде на „Олд трафорд“ и го тресна градскиот ривал Манчестер јунајтед со 1-2, демонстрирајќи огромна надмоќ во играта и користејќи ги грешките во одбраната на „црвените ѓаволи“. Давид Силва и Николас Отаменди го совладаа Давид де Хеа, а трагичар беше Ромелу Лукаку, кој двапати многу лошо регираше во сопствениот шеснаесетник, местејќи им ги шансите на стрелците на Манчестер сити.

Маркус Рашфорд израмни на 1-1 пред самиот истек на првото полувреме, откако Фабијан Делф имаше катастрофална реакција и му овозможи шанса на младиот напаѓач на Јунајтед.

Во завршницата, Лукаку и Мата во иста акција имаа одлична можност за повторно да израмнат, но Едерсон фантастично го спаси својот гол.

По овој триумф, Манчестер сити е неприкосновен на лидерската позиција во Премиер – лигата со 46 бода, дури 11 повеќе од градскиот ривал Манчестер јунајтед. Дали е ова веќе недостижна предност за тимот на Пеп Гвардиола?!

Се вчитува...