Сити го победи Вест Хем и му побегна на Лестер

Манчестер Сити очекувано го совлада Вест Хем на „Етихад“ со 2-0 во заостанатиот меч од Премиер – лигата и се одвои на второто место на табелата со четири бода предност во однос на Лестер.

Родри ги доведе „граѓаните“ во водство во 30.минута со удар со глава по корнерот од десната страна, а вториот погодок беше дело на Кевин де Бруин во второто полувреме.

Вест Хем по поразот останува во опасната зона на табелата со 24 бода.

Се вчитува...