Манчестер сити официјално објави дека го продолжи договор со Нејтан Аке до 2027 година.
Аке изминатава сезона беше дел од одбраната која ги освои Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Одигра 41 натпревар за „граѓаните“ постигнувајќи и три гола.
Кариерата ја започна во Феенорд од каде се пресели во Челси, а потоа беше на позајмици во Ридинг, Ватфорд и Бурнмаут, кој го откупи и во 2020 година го продаде на Сити.
— Manchester City (@ManCity) July 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА