Сити го растури Барнли

Манчестер Сити ја оствари и втората убедлива победа по рестартот на Премиер – лигата. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 5-0 против Барнли на „Етихад“ демонстрирајќи завидна ефикасност.

Фил Фоден ја отвори серијата голови, а до крајот на полувремето двапати стрелаше Ријад Марез, еднаш од пенал. Давид Силва на почетокот на вториот дел зголеми на 4-0, а серијата и ја затвори Фил Фоден поставувајќи го конечниот резултат. Во финишот од мечот, шанса доби и Лирој Сане, кој долг период беше повреден.

Се вчитува...