Сити го урива рекордот: Андерсон станува најскап играч во Премиер-лигата

Елиот Андерсон во следните 48 часа ќе стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата откако Манчестер сити влезе во завршна фаза од преговорите со Нотингем Форес за трансферот на одличниот играч за врска.

Андерсон беше меѓу најстандардните фудбалери во Премиер-лигата минатата сезона, во меѓувреме стана незаменлив и во англиската репрезентација, па челниците на Сити неслучајно го избраа токму него како идеално засилување за летово и долгорочна замена за Родри, беез разлика дали Шпанецот летово ќе си замине од Манчестер или ќе ја одработи и последната година од договорот што го има со „граѓаните“.

Преговорите траат подолго време, но откако Нотингем ја одби последната од вкупно 120 милиони фунти, медиумите на „островот“ тврдат дека трансферот ќе биде комплетиран најдоцна до крајот на утрешниот ден. „Шумарите“ од самиот почеток на преговорите инсистираат на „пакет“ од вкупно 130 милиони фунти од кои над 100 милиони би биле загарантирани, а последните информации тврдат дека Сити е подготвен да ги прифати овие услови.

Со тоа, Андерсон ќе стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата, уривајќи го рекордот на Александар Исак кој минатото лето од Њукасл се пресели во Ливерпул за вкупна сума од 125 милиони фунти. Најскап трансфер на англиски фудбалер е оној на Деклан Рајс, кога англискиот репрезентативец се пресели од Вест Хем во Арсенал за 105 милиони фунти.

Се вчитува...