Сити и Јунајтед здружено во борба против коронавирусот

Заборавајќи го меѓусебниот ривалитет Манчестер сити и Манчестер јунајтед покренаа заедничка акција за прибирање финансиски средства за борба против коронавирусот во градот.

За почеток двата тима донираа по 50.000 фунти за храна за згрижените во 1.200 центри за заразени од коронавирусот.

Од „Олд Трафорд“ вчера објавија и дека ќе ги плаќаат платите на сите свои вработени, без разлика дали воопшто до крајот на сезоната ќе има натпревари или не.

Се вчитува...