Сити и Лестер во четвртфиналето на ФА купот

Бранителот на трофејот, Манчестер Сити, успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Англија. „Граѓаните“ на гости беа поуспешни од Шефилд Венсдеј и славеа со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Серхио Агуеро во 53.минута. Тимот на Пеп Гвардиола доминираше во текот на целиот меч, а рамката од голот ја погодија Ријад Марез и Бенјамин Менди.

Лестер исто така славеше со минимални 1-0 против Бирмингем. Триумфот на „граѓаните“ им го донесе Рикардо Переира со голот во 82.минута од дуелот. Тотенхем ќе мора да игра продолженија против Норич, откако во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Јан Вертонген донесе водство за составот на Жозе Мурињо, но израмни Јосип Дрмиќ во 78.минута.

Се вчитува...