Сити и Ливерпул тргнуваат по потписот на „ѕвездата“ на Бормут

Антоан Семењо е главниот столб на Бормут и оваа сезона, а тој одлучи да остане со „црешите“ иако имаше понуди за промена на средината.  Минатата сезона, Дин Хајсен, Забарњи и Милош Керкез искочија од системот поставен од Андони Ираола, кој донесе големи пари во премиерлигашот, а следната голема продажба би можела да биде офанзивниот играч од Гана.

Според „Скај Спорт“, Манчестер сити, Ливерпул и Тотенхем ги следат игрите на Семењо со големо внимание. „Црвените“ сакаат да доведат уште едно лево крило, бидејќи таму го имаат само Коди Гакпо, додека Гвардиола сака да ја зајакне конкуренцијата на таа позиција.

Откако се разделија со Сон, Тотенхем не го доби она што го сакаше во Одобер, па Семењо профилот на играч што би го подигнал квалитетот на лондонскиот тим.

Се вчитува...