Сити и Милан договараат спектакуларна размена на играчи

Раководството на Манчестер Сити е подготвено да го понуди Џек Грилиш на екипата на Милан за да го добие потписот на Рафаел Леао, пренесуваат британските медиуми.

Менаџерот на Сити, Гвардиола не е задоволен од изданијата на Грилиш откако дојде во Сити за 100 милиони евра. Британските медиуми тврдат дека наводно „росонерите“ се долго време заинтересирани за левокрилниот англиски репрезентативец.

Челници на италијанскиот клуб биле подготвени да испратат понуда до Сити за позајмица до крајот на сезоната. Меѓутоа сега англискиот првак размислува за размена на играчи, и да го добие Леао, кој е еден од најдобрите во Серија „А“. Леао и натаму го нема продолжено договорот со Милан, кој му е до 2024 година. Леао бара 10 милиони годишна плата, а челниците на „црвено-црните“ не сакаат да прифатат.

Се вчитува...