Сити ја плати клаузулата, Родри доаѓа во Манчестер

Родриго Хернандез Родри ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити откако англискиот првак денеска ја плати сумата од 70 милиони евра, активирајќи ја клаузулата за раскин на неговиот договор со Атлетико Мадрид. Одличниот играч за врска пред десетина дена објави дека е подготвен да си замине од Мадрид, во трката за негов ангажман беше и Баерн Минхен, но челниците на Сити успеаја да го обезбедат потписот на Родри.

Шпанските медиуми информираат дека раководството на англискиот гигант денеска во просториите на „Ла Лига“ во Мадрид ја уплатиле неопходната сума, по што е дадено зелено светло за комплетирање на трансферот.

Родри ќе биде прво засилување на Пеп Гвардиола за новата натпреварувачка сезона, во која Сити ќе ги брани трите трофеи во Англија.

Се вчитува...