Сити лесно победи во ФА Купот

Манчестер Сити рутински ја одработи задачата во четвртото коло од ФА Купот на Англија, славејќи над Фулам со убедливи 4-0 и пласирајќи се во осминафиналето од ова натпреварување. Пеп Гвардиола одмори неколку првотимци како Агуеро, Де Бруине, Фернандињо, Вокер…, но и со комбиниран состав Сити со „лесен тренинг“ стигна меѓу 16-те најдобри екипи во ФА Купот.

Сите шанси на Фулам за евентуално изненадување исчезнаа веќе во шестата минута, кога капитенот Рим направи пенал над Хесус и заработи црвен картон. Гундоган го реализираше ударот од белата точка, по што прецизен од работ на шеснаесетникот беше Бернардо Силва за водство од 2-0.

Победникот беше решен, „граѓаните“ рутински ги одиграа преостанатите 45 минути, успевајќи да постигнат уште два гола, преку Габриел Хесус.

Се вчитува...