Сити на Пеп урива рекорди, Челси повторно не победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси повторно не успеаја да стигнат до победа во Премиерлигата. Овој пат избраниците на Томас Тухел одиграа без голови 0-0 на гостувањето кај секогаш незгодниот Вулверхемптон.

Манчестер сити стигна до нова рутинска победа, овој пат на гостувањето кај Њукасл од 0-4. Водство за „граѓаните“ донесе Рубен Дијаш уште во 5. минута. На 0-2 со феноменален гол зголеми Кансело во 27. Во вториот дел Ријад Марез во 63. минута зголеми на 0-3, додека конечните 0-4 ги постави Рахим Стерлинг во 86. минута. Со овој триумф избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до 34 победа во оваа календарска година со што го надминаа рекордот на Ливерпул од 1984 година.

 

 

Се вчитува...