Манчестер Сити оствари лесна и очекувана победа во дуелот со Борнмут на гости со убедливи 0-4. Победникот беше решен уште во првите 45 минути кога избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до убедлива предност од 0-3, а потоа само ја потврдија победата.
Алварез во 15. минута донесе водство после долга акција, а Халанд во 29. минута погоди за 0-2. Фоден пред крајот на полувремето го најде патот до мрежата за 0-3.
Во 51. минута Мефам си постигна автогол и ја зголеми предноста на Сити. Борнмут успеа да намали со голот на Лерма во 84. минута. Сити со овој триумф се доближи на само два бода од Арсенал, но и натпревар повеќе од „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА