Манчестер Сити доби уште една корпа од Нотингем Форест во обидот да го доведе Елиот Андерсон на „Етихад“.
Откако првичната понуда од 90 милиони евра експресно беше одбиена, „граѓаните“ се вратија со историска, втора понуда. Раководството на Сити на маса стави фантастични 121 милион фунти. Оваа сума вклучуваше 106 милиони фунти фиксен дел и дополнителни 15 милиони во бонуси, што ќе претставуваше рекорден трансфер во историјата на клубот.
Сепак, контроверзниот сопственик на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја одби и оваа понуда. Тој инсистира да биде соборен британскиот трансфер рекорд од 125 милиони фунти, кој Ливерпул го постави минатото лето со ангажманот на Александер Исак.
Андерсон е главна желба на Енцо Мареска за ова лето. Останува да се види дали Манчестер Сити ќе се реши за трета, историска понуда за да ги задоволи апетитите на „шумарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
