„Сити парк бојс“ со порака до КФСМ: Од „салата“ само „шопска (ФОТО)

Работнички игра одлично во првото полувреме против Гостивар и има убедлива предност во дерби натпреварот од 15. коло во Кошаркарската лига на Македонија.

На овој меч „центарци“ не можат да сметаат на своите навивачи, поради казната која ја доби клубот на мечот со Пелистер во 13. коло кога навивачите го навредувале претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

СРЦ „Кале“ е празен, но верната навивачка група „Сити парк бојс“ успеа да упати порака до раководството која гласи: „Од „салата“ само „шопска““.

 

Се вчитува...