Манчестер Сити и официјално е првиот тим кој почна правна процедура околу напуштање на новоформираната Суперлига. Англискиот премиерлигаш, заедно со Челси беа првите тимови кои објавија дека ќе го напуштат ова натпреаварување, а потоа им се приклучи и поголемиот дел од клубовите.
„Манчестер Сити објавува дека почна процедура за напуштање на групата која го формираше новото натпреварување Суперлигата“, стои во соопштението од клубот.
Првите честитки стигнаа од претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин кој на крајот излезе голем победник.
Club statement.https://t.co/GeNQZn8091
— Manchester City (@ManCity) April 20, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА