Манчестер Сити попладнево и официјално го потврди мегатрансферот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, кој се сели на „Етихад“ за сума од огромни 116 милиони фунти.
Овој трансфер е за нијанса понизок од оној рекордниот на Исак од Њукасл во Ливерпул минатото лето, но Андерсон станува најскап британски фудбалер во историјата, откако го урна досегашниот рекорд на Деклан Рајс, кој од Вест Хем се пресели во Арсенал за сума од 95 милиони фунти.
„Манчестер Сити и Нотингем Форест постигнаа договор за трансферот на Елиот Андерсон. Овој 23-годишен фудбалер моментно настапува со Англија на СП 2026 и го комплетираше лекарскиот преглед во Канзас. Формалностите околу потписот на договорот ќе бидат финиширани по неговото враќање во Англија“, објавија „граѓаните“ на официјалната веб-страница.
Овој трансфер претставува фантастична заработка за Нотингем, ако се знае дека Андерсон дојде пред две години од Њукасл за 35 милиони фунти, а сега е продаден за повеќе од три пати повисока сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
