Пеп Гвардиола, по поразот од Вулверхемптон, јавно призна дека се откажува од трката за шампионската титула. До крајот на сезоната има уште долги 19 кола, но тешко е да се верува дека Ливерпул би прокоцкал 14 бода предност.
На Гвардиола ова му е четврта сезона во Сити, а досега ниту во Барселона ниту во Бајерн не беше подолго од четири сезони. Дел од англиските медиуми веќе пренесуваат дека на лето би можело да се случи и разделба на Гвардиола со „граѓаните“ иако има договор уште една година. Поради сето тоа од раководството на Сити се одлучија за првпат да го прокоментираат статусот на Шпанецот на клупата на клубот.
„Пеп останува и тоа воопшто не е доведено во прашање, ниту било кога имало разговори на таа тема. Ќе замине тогаш кога клубот ќе биде доволно силен за да ја преживее таа промена без поголеми проблеми. Дотогаш ќе биде тренер. И самиот истакна дека не планира заминување“ – истакна извршниот директор, Феран Сориано.
Гвардиола во Сити пристигна во 2016 година освојувајќи две шампионски титули, два лига купа и еден ФА Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА