Сити се изнапромаши, но го совлада Лидс (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари победа на првиот меч во Премиерлигата после Мундијалот во Катар. Сити вечерва на „Иланд Роуд“ го совлада тимот на Лидс со 1-3, иако победата мораше да биде изразена со повисока разлика, со оглед дека англискиот првак се изнапрошмаши во првиот дел.

Родри во судиското надополнување успеа да донесе водство, и да ги направи работите полесни за Сити. Потоа на сцена стапи Халанд, па со два гола во 51. и во 64. минута, донесе водство од 0-3.

На крајот Страјк во 73. минута само успеа да го намали резултатот и да го ублажи поразот. Лидс беше блиску и до втор гол и да го направи финишот понеизвесен, но во тоа не успеа.

Се вчитува...