Сити се откажа, Роналдо е пред камбек на „Олд Трафорд“

Сагата околку заминувањето на Кристијано Роналдо од редовите на Јуветус и неговиот премин во Манчестер Сити од минута во минута добива нови размени. По последните информации дека во трката влегува и Манчестер Јунајтед, добор упатениот Фабрицио Романо на својот Твитер профил објави нова вест.

Имено, Манчестер Сити се повлекува од трката за португалскиот ас. Исто така во ниеден момент Роналдо и „граѓаните“ не ги имаат договорено условите за премин во „синиот“ дрес.

Со тоа се отвараат вратите за камбек на легендарниот фудбалер на Манчестер Јунјатед на „Олд Трафорд“, а во наредниот период „црвните ѓаволи“ ќе ја испратат и официјалната понуда за својот поранешен играч.

Се вчитува...