Сити славеше со италијански манекенки, Гвардиола вели тоа е супер за тимскиот дух

Манчестер Сити конечно одигра еден натпревар шампионски, декласирајќи ја Астон Вила со 1-6 на гостински терен. Како награда, фудбалерите си организираа забава на која поканија 22 италијански манекенки, сместени во „Мере Голф Ресорт“. Информацијата објавена како „бунга-бунга забава“ од неколку британски медиуми денеска беше потврдена и од страна на стратегот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Знаев за тоа и дадов дозвола. Мислам дека е добро за тимскиот дух, кога се дружат, кога прават работи заедно. Кога имаат малку повеќе слободни денови, наоѓаат начини за дружба. Не гледам ништо лошо, бидејќи кога се заедно, се гради тимскиот дух“, изјави Гвардиола.

Дел од манекенките се „чекираа“ во ексклузивниот ресорт во непосредна близина на Манчестер, а барем засега нема конкретни информации кои членови од екипата на „граѓаните“ биле присутни на оваа луда забава.

Се вчитува...