Сити со неверојатна понуда за Деклан Рајс

Актуелниот шампион на Европа и Англија, Манчестер Сити испрати официјална понуда до Вест Хем Јунајтед, за капитенот на „чеканите“ Деклан Рајс.

Понудата на Сити изнесува 93 милиони евра, со дополнителни 12 милиони евра кои би биле платени подоцна, пренесуваат англиските медиуми.

Ривал на Сити во „трката“ за Рајс е лондонски Арсенал, кој исто така лицитира од почетокот на преодниот рок со надеж дека ќе го ангажира 24-годишниот дефанзивен играч за врска.

Сити е во потрага по играч за врска откако Илкај Гундоган го напушти клубот, а Бернардо Силва е привлечен од саудиските милиони. Рајс, во случај на негово евентуално доаѓање, би бил првата голема аквизиција на клубот од „Етихад“ во тековниот преоден рок.

Овој англиски репрезентативец е член на сениорскиот тим на Вест Хем од 2017 година, а за репрезентацијата на Англија одигра 43 натпревари и постигна три гола.

Се вчитува...