Манчестер Сити го презеде врвот во Премиер-лигата откако триумфираше на гостувањето кај Вест Бромвич Албион со 0-5. Стрелци на головите за „граѓаните“ беа Гиндоган на два пати и по еднаш Кансело, Махрез и Стерлинг.
Арсенал му се реваншираше на Саутемптон за поразот во ФА купот, совладувајќи го на гостински терен со 1-3. Домаќините поведоа преку Армстронг уште во третата минута, но со головите на Пепе, Сака и Лаказет „топчиите“ стигнаа до нови три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА