Сити со рутински триумф ја стартуваше одбраната на титулата во Премиерлигата (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Манчестер сити со триумф од 0-3 на гостувањето кај Барнли ја стартуваше одбраната на титулата во англиската Премиерлига.

Како и минатата сезона и оваа повторно Ерлинг Халанд беше прво име во таборот на „граѓаните“. На неверојатниот Норвежанец му беа потребни само четири минути да го постигне првиот гол сезонава за водство од 0-1.

До крајот на првиот дел веќе беше и 0-2 со вториот погодок на Халанд. Конечните 0-3 ги постави Родри во 76. минута.

На овој натпревар за Сити дебитираше и најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Јошко Гвардиол кој во игра велзе во 80. минута.

 

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...