Сити триумфално против Кристал Палас, сега притисокот повторно на Ливерпул… (ВИДЕО)

Манчестер сити стигна до нова победа во Премерлигата, славејќи во 33. коло на гостувањето против Кристал Палас со 1-3 па сега повторно притисокот е на Ливерпул во трката за шампионската круна сезонава.

„Граѓаните“ триумфот го најавија со голот на Стeрлинг уште во 15. минута од натпреварот, а истиот фудбалер го зголеми водството со втор гол во 63. минута.


Откако домашните постигнаа погодок за намалување на предноста преку Миливојевиќ во 81. минута, Габриел Хесус во 90. минута ги постави конечните 1-3.

Се вчитува...