Сити во последните минути избегна бламажа и елиминација во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер сити во последните минути од шеснаестфиналната пресметка со Челтенам избегна бламажа и елиминација во ФА Купот.

„Граѓаните“ до 81. минута имаа негатива против нисколигашот кој дојде до предност со голот на Меј во 59. минута.

Но, во 81. минута најпрво Фоден израмни, а потоа во 84. минута и во 94. минута Габриел Хесус и Торес стрелаa за 1-2, односно 1-3, и пресврт победа за пласман во осминафиналето.

Се вчитува...