Сити за две минути си ја заврши работата против Кристал Палас (ВИДЕО)

Манчестер сити за две минути си ја заврши својата задача во 9. коло од Премиерлигата за триумф од 0-2 на гостувањето против Кристал Палас.

Габриел Хесус во 39. минута донесе предност од 0-1, а потоа во 41. минута Силва заокружи на 0-2.


По оваа победа „граѓаните“ со 19 бода на втората позиција се на пет бода од водечкиот Ливерпул кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...