Скалони: Икарди не е повикан поради ситуацијата во Интер

Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Скалони призна дека ситуацијата во Интер, влијаела на неговата одлука да не го повика Мауро Икарди во тимот. Икарди триесет и шест дена не тренираше и не играше за Интер, за повторно да се врати на тренинзи во текот на вчерашниот ден.

„Зборував со Мауро пред да го објавам списокот и му објаснив зошто не е повикан. Тоа што му се случи во клубот директно влијае и на националниот тим. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата за Копа Америка. Целата ситуација во Интер не е баш добра за повик во репрезентацијата“, изјави Скалони. 

Во таборот на Аргентина се врати Лионел Меси, а вечерва избраниците на Лионел Скалони ќе се сретнат со репрезентацијата на Венецуела, по што ќе следи и гостување против селекцијата на Мароко.

Се вчитува...