Скандал до скандал во Манчестер Јунајтед – Солскјер веќе не е „добро момче“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед правеа доста проблеми во претходниот период. Се почна со дивеењето на Хари Мегваер на Миконос, а со глупостите се надоврза и Мејсон Гринвуд. Младиот напаѓач заедно со Фил Фоден од Сити го прослави дебито во националниот тим на Англија така што ги прекрши правилата на „меурот“ и изолација во Рејкјавик кога во собата повикаа девојки да им се придружат.

Саутгејт по скандалот во Миконос го тргна името на Мегваер од списокот за натпреварите во Лигата на нации, а по испадот во Исланд од репрезентацијата беа избркани и Гринвуд и Фоден, а најверојатно ќе заработат и дополнителни четири меча суспензија.

Може да се каже дека Мегваер не претрпе последици во Манчестер Јунајтед, додека Гринвуд ќе мора да ја научи лекцијата. Солскјер донел одлука младиот Англичанец во следните неколку дена да тренира сам без пристап до другите соиграчи, а неговото место во првиот тим веќе не е сигурно. Младиот напаѓач ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Астон Вила, а се очекува да се види дали и ФА ќе го суспендира Гринвуд поради нарушување на безбедноста во време на пандемија.

Се вчитува...