СКАНДАЛ кај Норвежаните: Ракометарите се мотивираат со голите слики од колешката Нора Морк!

Норвешкиот ракометен сојуз го тресе скандал предизвика со излегување во јавноста на експлицитни фотографии од познатата репрезентативка на Норвешка, Нора Морк.

На 26-годишната Морк на крајот од минатата година и бил хакиран мобилниот телефон за време на собир на екипата и од неа се преземени фотографии на кои е комплетно гола.. Но, скандалозно е што сега во Хрватска тие фотографии си кружат и меѓу ракометарите од машката репрезентација на Норвешка која во моментов настапува на Европското првенство во Хрватска. Ракометарите пред секој натпревар се мотивирале меѓу себе испраќајќи ги фотографиите на Нора Морк, која од друга страна видно разочарана сега најави тужба и повлекување од норвешката репрезентација.

„Тотално сум скршена. Мислев дека тоа е мое семејство, екипата и репрезентацијата, мислев дека тука се луѓе кои ме сакаат и кои се грижат за мене. А, добив токму од тие блиски да ми бидат украдени фотографиите и потоа и на тој начин ширени меѓу себе. Многу сум разочарана. Размислувам околу мојата иднина во репрезентацијата затоа што не сакам да бидам дел од еден таков колектив и еден таков сојуз кој повеќе ги штити оние кои го почнаа сексуалното вознемирување, отколку мене“ – вели Морк.

Селекторот на машката репрезентација, Кристијан Берге како и капитенот Мирхол избегнаа да одговорат на прашњето врзано за овој скандал…

„Тоа е нешто кое не треба да го разговараме преку медиумите, туку меѓу себе. Тажни сме поради тоа… Разговарав со неа, и и кажав дека сето тоа што го објави пред ЕП е во погрешно време, среде првенство“ – истакна Мирхол за норвешките медиуми, повторно гледајќи ја својата страна а воопшто не размислувајќи за репрезентативната колешка.

Претседателот на Ракометниот сојуз на Норвешка, Каре Геир Лио, пак, вели:

„Сакам да се грижам за неа и да и дадам најдобри совети. Ние се оградуваме од нејзините изјави. Сојузот е информирам дека некои ракометари добиле фотографии на мобилен, но кажаа дека веднаш ги избришале и воопшто не ги ширеле меѓу себе“.

Од ракометниот сојуз досега ништо не презеле околу овој случај…

„Не сакам ништо да постигнам… Само сакам да се знае дека колегите сексуално си поиграа со мене, а никој веќе долго време не одговара за тоа“ – вели Морк.

Нора е инаку во врска со ракометарот на Краснодар и норвешки репрезентативец, 27-годишниот Стефан Старндберг.

Се вчитува...